среда, декември 4, 2024
домаНасловнаЧетири македонски сценаристи се претставија на културната манифестација 4.TEMPORA/CONTEMPORA во Лече

Четири македонски сценаристи се претставија на културната манифестација 4.TEMPORA/CONTEMPORA во Лече

Четири македонски сценаристки и креативки Ева Камчевска, Весна Куслеска, Валентина Ѓоргиевска Парго и Тања Кузманоска успешно учествуваа на културната манифестација 4.TEMPORA/CONTEMPORA, во рамките на финалната средба на “The East Side of the Stage”, која се одржа на 30 септември и 1 октомври во италијанскиот град Лече.
Настанот беше искреиран за на него да се сретнат учесници од Приштина, Белград, Тирана, Цетиње, Чивидале дел Фриули, Скопје, Триказе, Лече…
Манифестацијата се одржа во организација на AMA – Accademia Mediterranea dell’Attore, под водство на реномираниот директор Франко Унгаро и Росела Нотарникола, Валтер Прете и Густаво Д Аверса, а настапот на нашите сценаристки беше организиран од страна на ITI – Macedonian Center of International Theatre Institute на чело со реномираната Иванка Апостолова Баскар.
Сценаристките пред тоа беа дел од работилница за драмско пишување – Overview effect! (што се одржа од 2 јуни – 7 јуни 2023 под менторство на Валтер Прете) а нивните сценарија се најдоа во е-книгата “Overview Effect” заедно со сценаријата и на другите учесници Маја Дреца Ристески, Стефан Марковски, Оливија Трајковска, Христијан Крстевски, Милица Костова Ристова и Емилија Матаничкова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ