#CookingwithAndrea: Омилените крофни за десерт

0
188

Андреа и за денес ви препорачува брз десерт, кој ќе ги освои срцата на сите во семејството! Крофни за одличен крај на оброкот!

Крофни🍩
Состојки:
-1 свеж квасец
-1 чаша млеко
-2 јајца
-1 чаша шеќер
-брашно
-сончогледово масло

Квасецот се остава да стаса во млекото. Се меша со јајцата, шеќерот и се замесува тесто. Се вадат кругови и се редат на послужавник. Се оставаат да стасаат 10 минути. Се пржат во загреано масло, преливајќи ги со маслото со помош на лажица постојано, додека не заруменат.
Послужете со шеќер во прав, или чоколаден прелив.
Добар апетит!