среда, декември 4, 2024
домаЦУК: Пожарот во Тетовско е ставен под контрола, ќе се испита водата...

ЦУК: Пожарот во Тетовско е ставен под контрола, ќе се испита водата за пиење

Пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола. Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата како и полиција за обезбедување на локацијата, се вели во информациите од Центарот за управување со кризи.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово се излезени на терен за да ја испитаат водата за пиење. Но, резултатите ќе бидат готови за неколку дена, велат од ЦУК. Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.
Пожарот избувна вчера утрото околу 10:30 часот во фабриката за бои и лакови „Еуроком“ кај с. Фалише, Тетовско, а надлежните апелираа до граѓаните да останат дома и со затворени прозорци, бидејќи согорувањето создава отровни и штетни гасови во воздухот.
Во гаснење на пожарот учествуваа пожарникарите од ТППЕ Тетово со помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ