Донесен Протокол за транзит на странски државјани

0
161
Владата на вечерашната вонредна седница донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во период од најмногу 5 часа. Времетраењето на транзитот ќе се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција.
Патниците кои ќе транизитираат низ нашата држава ќе можат да ги користат граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродром Скопје.

Н.Д.