сабота, ноември 23, 2024
домаЖивот„Една Може“ бара решавање на проблемот на самохраните родители

„Една Може“ бара решавање на проблемот на самохраните родители

Грас рут организација за унапредување на права на еднородителски семејства „ЕДНА МОЖЕ!“ испрати апел од самохраните родители, еднородителските семејства и родителите кои самостојно извршуваат родителски должности и обврски, од цела Република Северна Македонија со цел за решавање на проблемот на самохраните родители. Ви го проследувем апелот во целост:

„Почитувани,

Глобалните политики упатуваат кон сите држави, овозможување на активности за спречување и превенција на висок степен на сиромаштија, насилство, маргинализација на жени во ризик, ранливи категории на жени и многукратно дискриминирани жени, според принципите на партиципативност, координираност и транспарентност како основни предуслови за градење на здрави општества и овозможувачка средина за сите граѓани/ки.

Ние, како Една може!, грас рут организација која е во секојдневен контакт и со најранливите семејства од еднородителските семејства од цела Република Северна Македонија, бараме од надлежните органи, националните институции и донесувачите на одлуки и локалните самоуправи а во овој период и Владата, Кризниот тим за постапување во вонредни состојби и Министертсвото за Труд и социјална политика, решавање на проблемот на самохраните родители – во најголема мера – на жените самохрани мајки по различни основи, кои секојдневно се среќаваат со непремостливи проблеми, а посебно се погодени и под висок ризик, од почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19.

„Имено, како ранлива група ретко кој од нас има можност своите деца да ги остават на чување кај родителите, некои ги имаат, некои не, некои пак се типично дискриминирани и од самите родители и не им се поддршка, па и сепак станува збор за две ранливи групи (мали деца и стари лица) каде што соглано препораките за заштита од Коронавирусот посебно е нагласено дека меѓусебно не треба да се мешаат. Алтернтива немаме каде на друго место би ги оставиле своите деца, имајќи во предвид дека градинките и центрите за згрижување на деца кои вообичаено ги згрижуваат децата до 10 годишна возраст во летниот период се затворени. И покрај тоа мораме да се вратиме на работа без да знаеме каде и на кого би ги оставиле своите деца, а на работа мора да се оди зошто во нашите семејства ние сме единствениот незаменлив извор на егзистенција.“ апелираат членките од Една може!

„Бараме од належните да имаат разбирање и емпатија за оваа група на граѓани/ки кои поради различни околности останале сами да ги подигнуваат своите чеда.“ децидни се тие.

Дел од нив упатуваат: “Бараме да продолжи да важи мерката исто како и за родителите чии деца одат во градинка и не се опфатени со најновата мерка – враќање на работа, како што беше одлуката на 65-та седница на Влада: „Владата денеска заклучи дека по престанувањето на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, како и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19.“

Експертскиот тим од Здружението Една може! направиле деск анализа и насочуваат на неопходноста од специфични услови според специфичниот контекст на живеење за овој семеен конструкт, и посочуваат кон мерки кои ги користат низ сите земји со висок ризик на заболени од Ковид-19 во однос на целната група. „Различни држави користат различни мерки но најчесто се однесуваат на: парична поддршка, решавање на стамбено прашање или намалена наемнина што е најчеста опција за домување на еднородителските семејства, олеснителни околности за работење и намалување на работничката саатница а при тоа задржување на целосната дневница, овозможување на работа од дома, овозможување на континуирано здравствено осигурување на сите членови/ки од еднородителски семејства без оглед на работниот статус и ослободување од сметки и комуналии.“

Од Една може! велат дека долгогодишното алармирање за неповолната околина за развој на сите членови на овие семејства, во земјате, Ковид-19 ја воочи уште повеќе и постојано се на терен, во поддржувачка мисија кон овие семејства. „Останати се без работа голем број од жените кои биле дел од неформалниот пазар на труд, дополнително се врзани за домашниот простор и оневозможен им е пристапот кон јавните сфери поради целодневни, континуирани ангажамни околу децата а тие се или поточно биле единствениот извор на приходи во овие семејства. Ние ги поддржуваме колку што можеме со донациски пакети, правна поддршка за аплицирање на Владините мерки кои во мал опфат им се достапни и  секако ги упатуваме кон психотерапевтска поддршка која и те како ни е неопходна на сите. Останатото кое го правиме е застапување и лобирање кон донесувачи на одлуки, за вклучување на целната група во вонредните мерки.“

„Затоа, нека биде и ова апел за неоходност од повеќекомпонентна можност за секое еднородителско семејство да си направи најсоодветен избор: дали сака да користи мерка за ослободување од работа или сака да избере паричен државен трансфер со конкретна намена „обебзедување негователка“ за сите кои имаат потреба од вакво нешто. Следното неопходно кое силно веруваме дека е даночно ослободување и намалување на комунални трошоци за секое еднородителско семејство.

Со еден удар неколку проблема ќе опфатиме: децата ќе бидат згрижени, ние ќе можеме да имаме пристап до работните позиции и да обезбедуваме егзистенција и ќе се отворат работни позиции кои и те како се неопходни во овој период“ изјавува претседателката на Една може!, Дороти Пачкова, родова експертка.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ