Министерот за здравство доц. Венко Филипче на денешната прес конференција најави нови мерки за заштита од корона вирусот. Тој меѓу другото соопшти дека денешната бројка на новозаразени лица со коронавирус изнесува 364 и дека 414 лица се хопитализирани во болниците, што е најголема бројка до сега.
„Ова е најголем број на хоспитализации од крајот на јули. На Инфективната клиника денеска се сместени 86 пациенти, во ГОБ 40, од кои 4 се на ресипиратор. Во болницата во Козле се хоспитализирани три деца позитивни и за две деца се чека резултат“, рече Филипче.
Филипче објасни дека во некои болници капацитетите се исполнети, па со претходен договор пациентите се испраќаат во Скопје или Куманово.Тој потврди дека целосно се подготвени болниците во Кочани и во Кавадарци, како и крило во струмичката болница. Филипче потврди дека во Скопје на Инфективна клиника има околу 20 празни места, а и модуларната болница е подготвена да прими 75 лица, како и 8ми септември.
Најголема застапеност на вирусот има кај лицата над 60 години, а најмалку кај децата. Тој најави дека ќе предложат нови мерки до Владата, а тие се однесуваат на тоа дека се забранува групирање на јавен простор после 22 часот, се воведува задолжително носење на маски (секаде), освен при спорт, управување во автомобил и седење во угостителки објекти и службени канцеларии..Исклучок за неносење маска имаат децата до шест години, како и забрана на семејни настани, и дека најмногу до 4 лица ќе може да се примаат дома…
На прашањата на ТЕХТ МК колку време треба да помине од тестирање до третман на пациент заразен со вирусот, минситерот Филипче не даде одоговор, тука само кажа дека со новите брзи тестови ќе се избегне времето на чекање. Но, што доколку на брз тест лицето се покаже позитивно, односно дали ќе треба да прави золжителен ПЦР тест и дали пак ќе биде потребно време од 4-5 дена до целосен третман на пациентот, останува неодговорено!
На прашањето дали се планираат мерки за родителите на деца со посебни потреби, министерот Филипче рече дека и сега има ослободување на родител за дете во ризик, ако имаат извештај за ослободување од лекар специјалист…
„Не се предвдиени дополнителни мерки заради тоа што за секоја ризична група има механизам, со извештај од специјалист да бидат ослободени од работа“ – рече Филипче.
Н.Доковска