Сите 13 пациенти на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба идентична на вчерашниот ден, само првата пациентка од Дебар е на машина за механичка вентилација со значително подобрување, но сеуште со непредвидлива состојба, соопшти на денешната прс конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека сите останати се со лесна клиничка слика. Има седум нови материјали кои се работат во моментот на пациенти кои денеска се јавиле со покачена темпераатура, и тоа од Штип, Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, во текокт на денот ќе има резултати за нив, соопшти министерот.
Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и Швајцарија. Меѓу тестираните се и две бремени жени од Дебар, едната е во болницата во Охрид, другата во Скопје, тие се во изолација, стабилни, не се непосредно пред породување, но ќе се прават испитувања за да се подготвени за породување, соошти Филипче.
На пршањето од вчера колку респираторни машини имаме, министерот соопшти дека има 120 во земјава, најмногу во Скопје околу 90, и додаде дека на состанок со координатори во клиниките е договорено цел медицински персонал вклучително и од приватни болници, да бидат на располагање на болници каде ќе биде потребно. Клиниките нема да одржуваат редовни стручни состаноци, ќе се координираат телефонски за да се намали контактот меѓу персоналот. Во болниците се третираат само итни и малигни случаи.
Во врска со состојбата во Дебар и Центар Жупа Филипче информира дека е назначен координатор на служба за инфективни болести од Дебар, тоа е професор од скопската Инфективна клиника кој треба да ја организира работата во тамошната болница.
Детската болница во Козле целосно ќе се спреми да прими деца евентуално заболени од вирусот, сите хоспитализирани пациенти ќе се префрлат на педијатрија, за децата да се изолираат од возрасните.
Во разговор со претставниците на МВР е потрдено дека стабилна е состојбата во Дебар, нема нарушување на јавен ред и мир, со несмален интензитет се спроведуваат сите мерки за патнички и друг сообраќај, строго е забранет излез на сите граѓани затекнати во двете општини, а со несмален интензитет се врши дотур на храна и лекови.
Филипче спомена дека нема место за паника и дека работата на сите банки, штедилници, брз трансфер на пари, се одвива непречено, сите овие институции работат нормално освен експозитури кои се наоѓаат во моловите.
Во соработка со мобилни оператори се изработени смс пораки и тие треба да се сметаат за валидни при известување на граѓаните за состојбата со коронавирусот.
ОВР Струга поради комуникацијата со Дебар и околните села, интензивно ќе комуницира за граѓаните да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита.
Министерот за здравство Филипче повторно упати апел граѓаните да останат дома и да го намалат движењето само на задоволување потреби за храна и лекови. А.Р.