Најновиот сингл на музичарот Горан Папаз, насловен „Дамиан“, музичарот го посвети на својот син. Аранжманот и продукцијата се изработени од македонскиот продуцент проф. Гоце Симоноски, а музиката е дело на Папаз.
Гоце и Папаз соработката ја започнуваат уште пред 7 години кога го извадија синглот „Разбуди се”, а ова е најава за новиот проект на Папаз кој треба да биде завршен наредната година.
За оваа песна се планира и видео запис кој треба да биде изработен во текот на ова лето.
