Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, од единствената општина која досега нема регистрирано заболен од корона вирусот, на својот фејсбук профил ја објави Одлуката на Кризниот штаб. Имено, тој им се обраќа на многубројните гости кои заминаа во Преспа, а бегајќи од воведенеиот карантин во неолку оштини низ земјата.
Во неговото обраќање до гостите на Преспа, тој вели:
„Почитувани граѓани , гости во нашата убава Преспа !!
На денешниот одржан Кризен штаб донесена е одлука, според која, за време на претстојниот продолжен викенд на терен, на повеќе локации ширум Преспа ќе има засилени контроли од страна на инспекцијата, редарските служби и полицијата, со цел почитување на пропишаните здравствени мерки како од страна на граѓаните така и од угостителските субјекти. Во спротивно, сите оние кои што не ги почитуваат и не се придржуваат до претходно донесените мерки,ќе бидат санкционирани.
Ресен и Преспа и понатаму гордо остануваат место каде што сеуште немаме нити еден заболен од корона вирусот и затоа упатуваме апел до сите, да продолжат да се придржуваат до пропишаните мерки од Владата на Република Северна Македонија, за носење на заштитни маски, физичко дистанцирање и забрането групирање се со цел, да не се загрози нашиот живот, животот на нашите најблиски, но и моите и вашите сограѓани.
Со почит,
Градоначалник на Општина Ресен
Живко Гошаревски“
Н.Д.