сабота, јули 27, 2024
домаЖивотГужва на Златибор и Копаоник, редарите строго казнуваат, дури се одзема и...

Гужва на Златибор и Копаоник, редарите строго казнуваат, дури се одзема и скијачката пропусница

Зимската сезона започна, но и гостите и домаќините ги мачат многу сомнежи и искушенија на кои мора да им се одолее за здравите да заминат на годишен одмор и да се вратат уште поздрави. Хотелиерите и угостителите применуваат построги мерки од препорачаните од епидемиолозите, бидејќи од следните месеци зависи дали ќе го задржат работното место, пишува „Мондо“.

На социјалните мрежи кружат слики од гужва во редот за жичницата од 4 декември, првиот ден на работа на ски-центарот Копаоник. Во „Скијачки центри на Србија“ признаваат дека приливот на скијачи ги изненадил и покрај тоа што скијањето тој ден било бесплатно. Велат дека проблемот го решиле следниот ден, со зголемување на бројот на редари.

„Тие се овластени и должни да ги контролираат скијачите, без разлика дали носат заштитни маски, дали имаат ракавици, дали го почитуваат пропишаното растојание од најмалку метар и половина и ако скијач одбие да ја следи постапката и овие правила, тој може да го тргне од редот, да го отстрани и, во краен случај, да му ја одземе ски-пропусницата“, вели Ана Јовановиќ од „Скијачки центри на Србија“.

Оваа зима жичарниците ќе примаат двојно помалку скијачи од планираното, па на пример, на жичарницата со шест седишта ќе има најмногу три скијачи. Хотелиерите се свесни дека нивната работа и работните места зависат од здравјето на нивните гости оваа зима.

“Од самиот влез во хотелот, гостите ја имаат на располагање сета можна заштитна опрема и редовно стерилизирање на целиот хотелски простор. Обрнуваме посебно внимание на начинот на послужување храна и пијалоци во овие изменети околности, а апсолутно се на сила највисоките можни хигиенски мерки”, вели Светлана Костиќ од „МК ресорт“, Копаоник.

Многу рурални домаќинства со години живеат од туризам, така што, домаќините ветуваат, ќе отворат четири очи за да не пропуштат нешто што би ги загрозило гостите. Тие велат дека минатата година во ова време, цел јануари бил резервиран.

„Сега е драстично полошо во споредба со минатата година, ништо не се знае точно затоа што не знаеме како понатаму ќе се развива ситуацијата со корона вирусот“, наведува Јасмина Костиќ од „Златиборски конаци“.

Околу 30% од капацитетот е резервиран во бањите. И тука се применуваат сите препорачани мерки.

„Тие исто така воведоа смени или закажување за користење на спа центрите за да не бидат преполни во оние делови од сместувањето што можат да бидат потенцијално ризични, обидувајќи се навистина да ја направат ситуацијата што е можно побезбедна и сигурна за туристите“, вели директорката на туристичката организација на Србија, Марија Лабовиќ. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ