Министерот за здравство информира дека Институтот за физикална медицина и рехабилитација подготви оддел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација. Според информацијата споделена од доц Венко Филипче на овој начин, потешкотиите полесно и побрзо се надминуваат со стручна помош, респираторни и физикални вежби за враќање на пациентите кон нормалните животни активности.
„Рехабилитацијата е важен сегмен од секој напреден здравствен систем. Правиме сѐ во грижата за нашите пациенти!“ – пишува Филипче во информацијата што денеска ја сподели.
Процесот на рехабилитација, од МЗ велат дека се спроведува согласно најновите протоколи за рехабилитација на пост-ковид пациенти од страна на тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти со долгогодишно работно искуство, кои за секој пациент пристапуваат индивидуално, согласно функционалната состојба на пациентот, објаснуваат тие.
Голем број на пациенти кои со денови, некои и недели биле хоспитализирани, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето.
А.Н.