Претставници на ИВАП реагираат на одлуката на кумановскиот градоначалник за ангажирање на странска компанија за озвучување и оствелување. Во целост ја објавуваме реакцијата на ИВАП, потпишана од Маја Бабиќ, претседетел на асоцијацијата за ивент индустрија.
-Асоцијацијата на Ивент индустријата ИВАП најостро реагира на праксата одредени општини да ангажираат компании од странство за услуги за озвучување и осветлување на јавни настани. Неодамна Општина Куманово одржа Свечена седница по повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово. Прашуваме и бараме одговор, која компанија била ангажирана за техничката реачизација на овој настан? Дали имало објавен јавен повик, тендер или конкурс? Колку чинело изнајмувањето на конкретната опрема? Само за потсетување, во услови на криза, кога домашните компании речиси и не работат и ги вложуваат последните свои капацитетите да ги одржат компаниите и работните места во живот, бевме сведоци дека во Општина Куманово беше ангажирана фирма од Нови Сад за поставување на алуминиумска конструкција, лед екран, озвучување и одветлување на настаните „Рома труба фест„ и „Тамбураши„. За ова, ние како Асоцијалција, реагиравме со допис до општината и градоначалникот и бевме контактирани од одговорното лице кое се согласи со нашите ставови и добивме ветување дека за наредните настани секако ќе ги користат услугите на домашните компании. Зошто Општина Куманово не го испочитува договорот и ветувањето што самите го дадоа? За волја на вистината, за Гитаријадата во Куманово тие се обратиле до наш колега, член на ИВАП и се договориле за соработка. Колегата одговорил на барањето, ја поставил опремата за најавениот настан, но во последен момент настанот бил откажан од страна на организаторите а колегата не бил платен за услугата што ја обезбедил. Дали Општина Куманово знае дека поставувањето на комплетна техничка опрема за лед екрани, озвучување и осветлување чини средства без разлика дали настанот ќе се одржи или не. Дали знаат дека доколку организаторот го одложи или откаже настанот, должен е во најмала рака да ги плати направените реални трошоци на компанијата. Зошто после тоа одложување не е повикана истата компанија, туку повторно е ангажирана друга фирма? Уште еднаш прашуваме која е фирмата што била ангажирана да работи на неодамна одржаната свечена седница? Дали повторно била ангажирана фирма од соседството? Дали настанот побарувал техника што македонските компании не можат да ја обезбедат па се користат странски услуги или во прашање е некаков друг интерес? Во интерес на вистината, бараме јавно одговор на поставените прашања од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Ги повикуваме и медиумите да ја истражат и да ја отворат оваа тема, со цел да дојдеме до вистината за тоа како се трошат општинските средства на даночните обврзници. Скопје, 17.11.2020 Со почит, Маја Бабиќ, Претседател на ИВАПВи ја пренесуваме во целост реакцијата на ИВАП до градоначалникот на општина Куманово. Таа гласи: -Асоцијацијата на Ивент индустријата ИВАП најостро реагира на праксата одредени општини да ангажираат компании од странство за услуги за озвучување и осветлување на јавни настани. Неодамна Општина Куманово одржа Свечена седница по повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово. Прашуваме и бараме одговор, која компанија била ангажирана за техничката реачизација на овој настан? Дали имало објавен јавен повик, тендер или конкурс? Колку чинело изнајмувањето на конкретната опрема? Само за потсетување, во услови на криза, кога домашните компании речиси и не работат и ги вложуваат последните свои капацитетите да ги одржат компаниите и работните места во живот, бевме сведоци дека во Општина Куманово беше ангажирана фирма од Нови Сад за поставување на алуминиумска конструкција, лед екран, озвучување и одветлување на настаните „Рома труба фест„ и „Тамбураши„. За ова, ние како Асоцијалција, реагиравме со допис до општината и градоначалникот и бевме контактирани од одговорното лице кое се согласи со нашите ставови и добивме ветување дека за наредните настани секако ќе ги користат услугите на домашните компании. Зошто Општина Куманово не го испочитува договорот и ветувањето што самите го дадоа? За волја на вистината, за Гитаријадата во Куманово тие се обратиле до наш колега, член на ИВАП и се договориле за соработка. Колегата одговорил на барањето, ја поставил опремата за најавениот настан, но во последен момент настанот бил откажан од страна на организаторите а колегата не бил платен за услугата што ја обезбедил. Дали Општина Куманово знае дека поставувањето на комплетна техничка опрема за лед екрани, озвучување и осветлување чини средства без разлика дали настанот ќе се одржи или не. Дали знаат дека доколку организаторот го одложи или откаже настанот, должен е во најмала рака да ги плати направените реални трошоци на компанијата. Зошто после тоа одложување не е повикана истата компанија, туку повторно е ангажирана друга фирма? Уште еднаш прашуваме која е фирмата што била ангажирана да работи на неодамна одржаната свечена седница? Дали повторно била ангажирана фирма од соседството? Дали настанот побарувал техника што македонските компании не можат да ја обезбедат па се користат странски услуги или во прашање е некаков друг интерес? Во интерес на вистината, бараме јавно одговор на поставените прашања од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Ги повикуваме и медиумите да ја истражат и да ја отворат оваа тема, со цел да дојдеме до вистината за тоа како се трошат општинските средства на даночните обврзници. Скопје, 17.11.2020 Со почит, Маја Бабиќ, Претседател на ИВАП„.
В.Ѓ. Парго