Во информацијата што ја сподели АП се вели дека Кина доцнела во објавувањето на важни информации за вирусот корона во првите денови на епидемијата. Според АП тоа стоело во преписките на Светската здравствена организација а до кои стасала агенцијата. Тоа одложување доведе до незадоволство кај претставниците на СЗО, иако организацијата официјално ја пофали Кина за својата транспарентност.
Државата чекаше повеќе од една недела пред да објави важни информации за геномите на коронавирусот на 11 јануари.
Две недели подоцна, Кина доцнела и да го извести СЗО за деталите за случаите на коронавирус и за состојбата на пациентите, што довело до фактот дека не е јасно дали вирусот може да се пренесе од личност до личност и колкав ризик има за остатокот од светот.
Еден официјален претставник на СЗО, наводно, се пожалил дека имаат многу малку информации.
– Очигледно е премногу малку за планирање – рече тој, пренесува „Скај њуз“.
АП наведува дека СЗО расправала како да изврши притисок врз Кина, но не и да ги лути тамошните власти, загрижувајќи се дека ќе ја изгубат помошта на кинеските научници кога станува збор за овој проблем.
Кинеската влада не ги коментираше наводите на АП, но во неколку наврати изјави дека дејствувала транспарентно.
– Нашите службени лица и персоналот работеа нон-стоп и во согласност со правилата на организацијата со цел да споделат еднакви информации со сите земји подеднакво и со цел да постигнат разговор со сите влади на сите нивоа – соопшти СЗО.
Меѓународното право бара државите да објавуваат информации што можат да влијаат на јавното здравство, но СЗО не може да го присили.
Ал.Н.