Колективниот договор во културата започнува со примена од јули

0
208

Новите коефициенти за плата кои се регулирани со Колективниот договор во културата, почнуваат да се применуваат од овој месец, беше договорено на средбата одржана помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, и претставници од СКР.

Колективниот договор за културата е склучен на 30.12.2019 година.  Со членот 130  беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите  од членовите  65 и 66 (плати на вработените во областа на културата) кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година.

Со ова, платите во културата за месец јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор.А.Н.