Facebook и Instagram објавија дека привремено ќе ја намалат резолуцијата на видеа низ Европа. Оваа мерка е превземена со цел на партнерите на двете социјални мрежи да им се овозможи полесно да управуваат со протокот и да им се овозможи на нивните клиенти да останат во контакт.
Со ширењето на корона вирусот и останувањето во само изолација на милиони луѓе, на кои единствениот контакт со светот им остануваат социјалните мрежи, оваа одлуката не е изненадување. Ако се има предвид дека целата комуникација оди преку интернет, дека катадневно се организираат по стотина виртуелни конференции и работни состаноци, тогаш преоптовареноста на мрежата е повеќе од разбирлива.
Но, зависноста токму од интернетот направи денеска голем број луѓе панично да прашуваат дали е можно згаснување на социјалните мрежи. Сепак, додека оваа мерка е неприфатлива
за „воајерите“ на социјалните мрежи, таа е и те како важна за оние кои работат од дома и имаат неопходна потреба од интернет услуги.
На оваа одлука се реши Facebook, oткако, неодамна Netflix и YouTube објавија дека го намалуваат квалитетот на видео стримингот во Европа. Тие објавија дека се решиле на овој чекор за да им овозможат на европските мрежи да се изборат со преоптоварениот интернет сообраќај за време на пандемијата.
А.Н.