Со зголемувањето на бројот на случаи и ширењето на вториот бран пандемија низ континентот, некои влади повторно воведоа ограничувања за патниците кои доаѓаат од жариштата.
Низ Европа, владите ги отворија своите граници во текот на летото по неколкумесечна блокада поради пандемијата на вирусот корона. Но, поради олеснувањето на мерките, голем дел од Европа сега се соочува со нов бран, па покрај воведувањето строги мерки и блокади на локално ниво, некои земји ги затворија своите граници повторно за патниците кои доаѓаат од жариштата.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави мапи за поддршка за координиран пристап низ ЕУ, а се ажурира секој четврток.
За земјите надвор од блокот, ЕУ ги отвори своите надворешни граници за избрана група заснована на случаи на коронавирус. Списокот се ажурира на секои две недели.
Од 8 август, државјаните на Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина можат да влезат во ЕУ. САД, Црна Гора, Мароко и Србија се меѓу земјите на забранетата листа. Но, земјите-членки не се законски обврзани да ја следат препораката на ЕУ.
Ова е моменталната состојба со границите во некои од најважните европски земји:
Австрија – нема ограничувања за земјите од зелената листа
Влезот од повеќето земји на ЕУ (вклучувајќи ги Велика Британија, Ватикан, Ирска, Германија, Монако, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Сан Марино) е дозволен без ограничувања. Постојат ограничувања за патниците кои доаѓаат од делови на Чешка, Хрватска, Франција, Португалија, Шпанија и Бугарија, како што се самоизолација или негативен тест за ПЦР. Влезот од трети земји е забранет, додека има исклучоци за работниците.
Белгија
Белгија користи систем на семафори (црвена, портокалова и зелена зона) за да ги означи ограничувањата за патување, при што црвената боја е најостра при патување од и во овие земји.
Во моментов, поголемиот дел од Европа е црвена, вклучувајќи ги Ирска, Чешка, Холандија, Србија, Албанија и поголемиот дел од Франција, Шпанија и Велика Британија. Поголемиот дел од Германија е портокалова, како и Италија, Португалија, Естонија, Полска, Бугарија и Грција.
За Белгија, во Европа во моментов нема зелена зона, додека до неодамна тоа беше само Истра во Хрватска.
Босна и Херцеговина
БиХ ги отвори своите граници на 16 јули за граѓаните на ЕУ и Шенген кои имаат негативен вирус на корона не постар од 48 часа.
Бугарија
Бугарија им дозволува на туристите од 46 земји да влезат без ограничувања. Бугарија ги отвори своите граници на 1 јуни кон земјите на ЕУ, Велика Британија, Сан Марино, Андора, Монако, Ватикан, Србија и Северна Македонија. Патниците од Србија, БиХ, Северна Македонија, Албанија, Кувајт, Израел и други трети земји мора да имаат негативен тест за вирусот.
Хрватска
Границите останаа отворени за патници од ЕУ, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Андора, Сан Марино, Монако. Оние кои доаѓаат од трети земји можат да влезат заради работа, школување или туризам, но мора да имаат негативен тест.
Франција – се советува доброволен карантин за Шпанците и Британците
Патниците од земјите-членки на ЕУ, како и од Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Нов Зеланд, Србија, Тајланд, Тунис и Велика Британија можат да ја посетат земјата без негативен тест или карантин. Сепак, сите патници мора да презентираат документ со кој се потврдуваат причините за нивното патување.
Патниците кои ќе покажат симптоми ќе мора да одат во карантин.
Германија
Од 17 октомври, бројни места се додадени на списокот на ризични, меѓу нив Загреб и Меѓумурска во Хрватска, делови од Унгарија, Полска, Словенија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.
Франција, Малта, Холандија и Словачка исто така се додадени на списокот. Секој што доаѓа од области што не се на списокот, може да влезе без ограничувања, пренесува Еуроњуз.
Грција
Патниците од Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Чешка, ОАЕ, Малта, Белгија, Шпанија, Русија, мора да приложат негативен тест.
Италија
Границите во Италија беа отворени на 3 јуни за граѓаните од ЕУ, Велика Британија, Шенген, Андора, Ватикан, Сан Марино и Монако. Според правилото, кое важи до 13 ноември, сите патници кои доаѓаат во Италија мора да го пополнат образецот на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.
Црна Гора
Влезот во Црна Гора е дозволен за земјите од зелената листа, во која се членки земјите на ЕУ, Андора, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Исланд, Монако, Норвешка, Турција, Велика Британија, Украина. Сите патници од жолтата листа мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа. Тоа се Албанија, БиХ, Северна Македонија и Србија.
Романија
Патниците кои доаѓаат од земјите на ЕУ како Велика Британија, Норвешка, Швајцарија, Исланд можат да влезат, но мораат да се изолираат 14 дена ако стапката на инциденца во земјата од каде доаѓа е поголема од онаа во Романија.
Директните летови од Шведска, Португалија, Велика Британија, САД, Иран и Турција се уште се прекинати.
Србија
Границите во Србија се отворени, но патниците од Хрватска, Бугарија, Романија и Северна Македонија мора да направат тест за PCR.
Словенија
Во Словенија има зелен список – кој во моментов ги вклучува само Австралија, Нов Зеланд, Србија и Уругвај – кои не подлежат на ограничувања. Оние кои се наоѓаат на црвената листа, од кои повеќето се во Европа, мора да бидат изолирани 10 дена доколку немаат докази за негативен тест. Тоа се Белгија, Чешка, Исланд, Холандија и Шпанија. На списокот има само делови од други европски земји, вклучувајќи ги Австрија, Ирска, Велика Британија, Естонија, Бугарија, Франција, Унгарија, Литванија, Романија и Швајцарија.
Швајцарија ги отвори своите граници кон сите земји на ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Сепак, оние кои доаѓаат од делови со висок ризик мора да бидат ставени во карантин. Делови од Германија, Франција, Италија и Австрија се на списокот, како и Хрватска, Данска, Шпанија, Ирска, Холандија и Велика Британија.
Шпанија
Шпанија ги отвори своите граници кон членките на ЕУ, Шенген и Велика Британија на 21 јуни. Патниците од овие земји не мора да се изолираат.
Португалија е единствениот исклучок, но границите меѓу двете земји се отворија на 1 јули.
Турција
Турција ги отвори своите граници за странски патници, освен за копнената граница со Иран. Патниците мора да поминат низ здравствени контроли, вклучително и мерења на температурата.
А.Н.