Ковид-19 ги измени правилата за доделување на следниот Оскар

0
101

Академијата за филм и наука, која е организатор на престижните награди „Академија“, денес соопшти дека, поради престанок на работата на кината заради епидемијата на вирусот корона, само филмови прикажани на платформи за стриминг и видеата „пеј пер вју“ ќе бидат во конкуренција на Наградите на Академијата следната година, објави Ројтерс.
До сега филмовите можеа да се натпреваруваат за Оскар, под услов да бидат прикажани во кино во Лос Анџелес најмалку седум дена, но кината се затворени низ цела Америка заради ширењето на вирусот, а премиерите на бројни нови филмови се откажани.
Најголемите американски радиодифузери АМЦ, Регал и Синемарк соопштија дека не очекуваат реактивирање на кината пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Датумот на следните Награди на Академијата е непроменет и треба да се одржи на 28 февруари.

Ал.Н.