Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција потврди дека во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што вчера ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти. Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.
– Нема веќе северџански јазик, од сега и официјално македонскиот јазик влегува во ЕУ-рече Заев.
Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознаваме, во Предлог-преговарачката рамка.
А.Н.