Чиа семките се богати со омега-3 масни киселини, растителни влакна и антиоксиданти. Тие се многу хранливи и имаат позитивен ефект врз целокупното здравје. Еве еден напиток за детоксикација направен од чиа семе, кој дава енергија и помага во детоксикацијата на телото.
Детокс напиток со чиа семе може да пиете секогаш кога ви недостасува енергија. Овој напиток се нарекува и енергетска бомба затоа што вашето тело ќе почувствува бран на енергија и сила после една чаша. Покрај тоа што ќе ви даде сила, овој пијалок успешно го чисти организмот од токсините.
Состојки (за 1 чаша):
-1 чаша вода (или кокосова вода),
-1 лажичка чиа семе,
-1 исцеден лимон,
-1 лажичка сируп од јавор (или кој било друг природен засладувач по желба).
Лимонот е богат со витамин Ц, кој е совршен за детоксикација на организмот, додека чиа семето го зајакнува имунолошкиот систем, ја враќа силата на организмот и што е најважно, го забрзува метаболизмот и помага да се изгуби вишокот тежина.
Подготовка на детокс напитокот:
Измешајте ги чиа семките во чаша со вода и оставете да отстои околу 15 минути.
По 15 минути, чиа семките малку ќе набабрат.
Потоа додадете сок од лимон и засладувач во вкус. Добро измешајте и пијте.
Ако семето потоне на дното, промешајте со лажица. А.Н.