понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотНаставниците немаат право да уценуваат за тоа каква настава да следат учениците

Наставниците немаат право да уценуваат за тоа каква настава да следат учениците

Училиштата почнаа да ги споделуваат изјавите што родителите треба да ги потпишат при одлуката како нивното дете ќе ја следи наставата. Родители ни ја испраќаат изјавата што треба да ја потпишат од ОУ „Љубен Лапе“, која како што самите евлат е крајно дискриматорка и уценувачка.

Изјавата од ова училиште, што е патем јавен документ, изгледа вака

„ООУ,,Љубен Лапе”, Општина Аеродром-Скопје

Почитувани родители,

Согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година донесен од МОН, каде Ви е дадено правото да одлучите дали Вашето дете ќе следи настава со физичко присуство или наставата ќе ја следи со учење од далечина, за потребите на училиштето ќе биде потребно да ја пополните следнава

И З Ј А В А

Јас _____________________________ , родител на ученикот/ученичката

_____________________________од_______ одделение во ООУ,,Љубен Лапе”, Општина Аеродром-Скопје, изјавувам дека моето дете во учебната 2020/2021 годинаќе следи

а) настава со физичко присуство во училиште___________

(Одговорете со ДА или НЕ)

б)наставасоучењеоддалечина,Оnline настава___________

(Одговорете со ДА или НЕ)

Напомена:  Изборот на родителот нема да може да се промени во текот на учебната година (освен доколку не се добијат други насоки од МОН), бидејќи промената на изборот значи и директна промена во распоредот и организација на двата вида настава во училиштето!„

Од изјавата може да се забележи дека од родителот се бара да одлучи за текот на целата година и не постои можност за промена на мислење, ниу пак да се смени во текот на годината. Родителите  прашуваат што ако детето во меѓувреме се разболи и мора да следи настава од дома или што ако родителите не се задоволни од хигиенските услови во училиштето, а за тоа ќе знаат откако ќе почнат на училиште?

Во Одлуката што ја донесе Владата на РСМакедонија, а се однесува на следење на наставата беше потенцирано дека родителите на децата од 1-3 оддление безусловно ќе одлучуваат како нивните деца ќе ја следат наставата, додека децата од 4-9 одделение ќе следат настава онлајн. Во меѓувреме и министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ниту едно училиште во Скопје, во вишите одделенија нема да добие дозвола за следење на настава за физчко следење на наставата. Сите овие информации прават каша попара во однос на правата на родителите и компетенциите на наставниците. И згора на тоа, ако ниедно училиште не добива дозвола за физичка настава, прашање е зошто толку се инсистира на овие изјави?! И, имаат ли право наставниците да уценуваат?!

Н.Д.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ