Денес, на YouTube (ЈуТјуб) каналот на бендот АнтиарТ беше објавен нов сингл и видео запис. Песната се вика Облаци и е авторско дело на бендот. За аудио делот се погрижи Нино Спиркоски.
Видеото е изработено од режисерот Томи Акимовски (leletomi) и поради тековните забрани наметнати од КОВИД-19, содржи видео материјал снимен изминативе години, како и позајмени видеа.
Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Петар Лукиќ (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани).
Минатото лето тие го промовираа својот прв студиски албум, а оваа година публиката
имаше можност истиот да го чуе на МТВ Unplugged (акустичен концерт во продукција на Македонската телевизија).
А.Н.