На денешната седница на Кризниот штаб за заштита на јавно здравје од заразната болест КОВИД-19, донесени се нови одлуки во однос на спречување на ширење на коронавирус, вклучително и мерки за цела Србија, без оглед дали е прогласена вонредна состојба во општината или градот, да се воведе забрана за собирање на јавни места во затворено и на отворено за повеќе од десет лица.
За време на престојот на јавни места, мора да има оддалеченост од еден и пол метри помеѓу собраните, односно секое лице мора да зафати минимум четири квадратни метри, беше прецизирано.
Мерката за заштитни маски, која е во сила во Белград, денес е проширена на целата територија на Србија, без исклучок.
Заштитни маски се задолжителни и на отворено, на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од еден и пол метри, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските станици и слично. На сите други јавни места на отворено, се препорачува да носите заштитни маски, додава Кризниот штаб.
Сите овие мерки важат од петок, 17 јули 2020 година.
Владата уште еднаш апелираше до сите граѓани да ги почитуваат сите преземени мерки за зачувување на здравјето.
„Доколку сите граѓани носат заштитна маска секој пат кога ќе ја напуштат куќата, таквата мерка би била еквивалентна на забрана за движење, затоа што на тој начин спречуваме епидемиолошки ризични контакти и спречуваме ширење на коронавирусот. Убедени сме дека заедно со сите наши граѓани, со најголема можна дисциплина и одговорност, ќе излеземе како победници од битката против коронавирусот “, порачуваат од Владата на Србија. А.Р.