Нови пониски цени на горивата од полноќ

0
97

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат со пониски цени согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Така Еуросупер БС-95 ќе се продава за 59,50 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 61,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот останува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство ќе порасне за половина денар и ќе чини 53 денари.

Се намалува и цената на мазутот за 0,155ден/кг и ќе изнесува 26,060ден/кг. А.Н.