Со новата одлука на Регулаторната комисија цените на нафтените деривати од полноќ имаат нови цени. Така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, па ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС98 новата цена е 62,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, со што новата цена на дизелот ќе биде 49,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година, па малопродажната цена на Мазутот М-1 НС
ќе изнесува 25,311 ден/кг. А.Н.