среда, ноември 20, 2024
домаЖивотОУ „Гоце Делчев„ стави во изолација уште 22 првачиња

ОУ „Гоце Делчев„ стави во изолација уште 22 првачиња

ОУ „Гоце Делчев“, некогашно „Ленин“, од општина Центар на две недели затвори уште две паралелки или уште 22 првачиња прати во изолација. Се дознава дека мајка на едно од првачињата, која е и наставничка во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, сепак детето го носела на настава, соопшти Општината.

На ваквото, неодговорно однесување на наставничката, реагираат од кабинетот на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Од кабинетот на Богдановиќ велат дека Општина Центар најостро го осудува неодговорното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира.

Вчера беше соопштено дека во истото училиште се ставени во изолација 17 првачиња откако нивната наставничка била позитивна на вирусот.

А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ