Пијанистот Ружиќ со поддршка за Лисац – Милановиќ бараше „да бидеме посебни и различни“

Се јави и пијанистот кој пто ја изведе хрватската химна заедно со Јосипа Лисац и и порача на јавноста дека „Милановиќ сакаша така да ја изведеме химната“. Пианистот уште објасни дека татковината ја гледа како нешто „романтично, топло, нежно и поинакво“, а дека неговата и визијата на Лисац се подудираат и добиваат многубројни пораки со поддршка и покрај негативните од одредена група...

0
269

Познатиот џез пијанист Звездан Ружиќ  (31) ја изведе хрватската химна со Јосип Лисац (70) на инаугурацијата на претседателот Зоран Милановиќ, а нивниот настап ја подели јавноста. Испровоциран од коментарите поврзани со изведбата, Ружиќ вели дека му требало само еден ден да ја направи оркестрацијата на химната откако Јосипа Лисац го поканила заедно да учествуваат и бил среќен што ќе ја има честа да биде дел од инаугурацијата.
– Ние навистина бевме такви какви што сме. Таа дојде кај мене на проба и ме праша дали може да даде коментар ако нешто не и се допадне. И реков: да, се разбира! Кога ја отсвирав, таа само рече, ова е феноменално. Кога го додаде нејзиниот магичен глас, се случи магијатаѐ“ – тој не го криеше задоволството од изведбата.
Ружиќ откри и дека единствено барање на Милановиќ било  „да бидеме посебни и различни“. Тоа беше инаугурацијата на која Претседателот сакаше специјална химна.

– По инаугурацијата тој ни честиташе и рече дека е воодушевен и токму тоа го сакаше – рече Ружиќ.

– Добивме многу позитивни коментари. Луѓето беа воодушевени, плачеа. Добиваме пораки дека тие никогаш не досега не ја доживеале националната химна на толку прекрасен начин. Само сакавме да испратиме порака на љубов, љубезност, мир, што е тоа што му треба на овој народ. Направивме најдобро што можевме. И што е најважно, претседателот го сакаше тоа и тој е пресреќен – изјави Ружиќ за РТЛ.