Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ бензините и Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста.
Така, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 60,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 49,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 49,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,365 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,196 денари. А.Н.