недела, септември 8, 2024
домаНасловнаПратеникот Јахоски е позитивен на корона вирус потврдија од Собранието

Пратеникот Јахоски е позитивен на корона вирус потврдија од Собранието

Пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на Ковид-19, потврдија попладнево од Собранието на РСМ.

Како што се вели во соопштението од Собранието, „согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации, пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.“

Од Собранието апелираат до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ