вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотПравила за заштита од корона вирусот во автомобилите и делови што морате...

Правила за заштита од корона вирусот во автомобилите и делови што морате да ги дезинфицирате

Мерките за заштита, вклучително и дезинфекцијата на работните места и живеалиштата, се најважни во спречување на ширењето на корона вирусот.
Бидејќи ситуацијата полека се нормализира и граѓаните почнуваат да се движат надвор од нашите домови, се поставува прашањето како треба да се дезинфицира  автомобилот во кој поминуваме одредено време од денот.
Како што советуваат експертите за хигиена, пред или после секое возење, треба внимателно дезинфицирање на сите оние делови од ентериерот на возилото што дошле во контакт со лица или со работи однадвор. Се препорачува дезинфекција да се врши со дезифициенци и со помош на крпа од микрофибер.

Следејќи ги следниве совети, ќе ја минимизирате можноста да се инфицирате и вие, но и лица од вашето семејство додека возите:
Избегнувајте ги сите непотребни патувања
Избегнете ги сите непотребни постојки додека возите или одете директно до вашата дестинација
Ограничете го бројот на патници во возилото најмногу на три лица
Бидете сигурни дека носите маски
Дезинфицирајте ги рацете или ракавиците
Редовно проветрувајте го возилото
Исчистете и дезинфицирајте ги сите површини во возилото што ќе ги допрете
Внимавајте на работите што ги внесувате во возилото
При полнење гориво, не заборавајте да носите ракавици за безбедност

Експертите за хигиена ги предупредуваат возачите дека има десетина делови во автомобилите кои мора да бидат дезинфицирани. А тие делови се: воланот, менувачот, рачната сопирачка, рачки на вратите, копчиња на воланот, копчиња на контролната табла, копчиња за отворање на багажникот, резервоарот за гориво, прилагодувачите на седиштето…

Колку е ризична употребата на клима во возилата?
– Не постојат јасни научни докази дека вирусот Ковид 19 може да се шири преку системите за вентилација и климатизацијата. Како што е веќе познато, овој вирус се пренесува со капки и може да помине само краток временски период во воздухот пред да падне на подот или на други површини.

Како и да е, секој проток на воздух, како што е оној произведен со работа на климата, може да предизвика капки кои содржат честички од вирус да се пренесат на поголемо растојание.
Според истражувањето на Кинеското медицинско здружение, откриено е дека во затворените возила со климатизација овој вирус може да се пренесе на растојание од 4,5 метри. Соодветно на тоа, се препорачува наместо да користите климатизери во возила, редовно да проветрувајте возила или да ги одржувате прозорците отворени ако дозволуваат надворешните услови.

А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ