четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаПринцот Чарлс заразен со коронавирусот, префрлен во замокот во Шкотска!

Принцот Чарлс заразен со коронавирусот, префрлен во замокот во Шкотска!

Принцот од Велс е позитивен на тестирањето за вирусот КОВИД-19, изјави официјалниот претставник на резиденцијата Кларенс во средата и доста ја вознемири британската јавност.

Во оваа прилика, беше истакнато дека принцот Чарлс (71), најстариот син на кралицата Елизабета Втора, 93 година, „покажува одредени симптоми на оваа заразна болест“, но дека „се чувствува добро“.

Војвотката од Корнвел, Камила (72), втората сопруга на Чарлс, исто така била тестирана, но нејзиниот резултат е негативен.

Од резиденцијата Кларенс, каде членовите на британското кралско семејство претежно поминуваат време кога се во Лондон, објавено е дека Чарлс и Камила, во меѓувреме, биле префрлени во оддалечениот замок Балморал во шкотската провинција.

“Во консултација со владата и докторите, принцот и војвотката ќе бидат во изолација во резиденцијата на кралицата Елизабета во Шкотска. Принцот ќе продолжи да ги врши редовните работи од таму”, се вели во извештајот.

„Во овој момент не е можно да се утврди како принцот бил заразен со вирусот, бидејќи тој беше вклучен во голем број на јавни активности и собири во последниве денови“, ес додава.

Велика Британија започна доцна, но во последниве денови забрзано се подготвува за ударот на пандемијата на коронавирус. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ