четврток, декември 26, 2024
домаЖивотПриватна градинка згрижувала деца и покрај забраната да работат

Приватна градинка згрижувала деца и покрај забраната да работат

Приватна градинка и покрај препораките на МЗ работела и давала услуги за грижење деца. СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје. Кривичната пријава се однесува поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

По пријава на граѓани, полициски службеници од ЕВР Карпош излегле на местото, при што било утврдено дека детската градинка работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н.

Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд. Констатирано е дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот.

Од друга страна, пак, дел од родителите кои инсистираат на анонимност велат дека од градинката им се јавиле уште пред една недела и им рекле дека имаат дозвола да ја отворат градинката.

Како што дознава ТЕХТ.МК и од  други приватни градинки им се јавувале на родителите и ги известувале дека градинките ќе почнат со работа веднаш по илинденските празници, иако затоа нема официјална информација.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ