Во изминатите 24 часа, 4.384 примероци биле тестирани за коронавирус во Босна и Херцеговина, а 1.734 биле позитивни. Во споредба со вчера, биле тестирани 1.402 лица повеќе, а бројот на позитивни е поголем за 181 (вчера 1.553). Починаа 39 лица.
Во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ биле пријавени3.350 примероци, од кои 1.234 биле позитивни на коронавирус.
Досега се тестирани вкупно 213.782 примероци, а корона вирусот е потврден кај 34.981 лице. Во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ беа пријавени 16 нови смртни случаи.
Заклучно со денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 857, 566 мажи и 291 жена, пишува „Кликс.ба“. А.Р.