Самит ЕУ-Западен Балкан на 6 мај, но состанокот ќе се одржи преку видео-конференција

0
118

Лидерите на ЕУ потврдија дека ќе се сретнат со највисоките претставници на Западен Балкан преку видео конференција на 6-ти мај. Видео-конференцијата ќе се одржи наместо планираниот самит ЕУ-Западен Балкан, планиран за почетокот на мај во Загреб.

– Во последните месеци работевме на прилагодување на нашата стратегија и донесување одлуки во врска со овој регион. Шест мај ќе биде можност за видео конференција со овие земји да ги претставиме нашите приоритети – рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Самитот ЕУ-Западен Балкан во мај беше најавуван како пресвртна точка, односно отворањето на новото поглавје во процесот на пристапување на регионот кон ЕУ.

Очекувањата се, по утврдување на новата методологија на пристапување, на состанокот на лидерите на ЕУ и регионалните лидери, да се потврди политичката посветеност на обете страни за заедничка иднина во Унијата, но и да се претстави европскиот економско- инвестициски пакет за Западен Балкан. А.Р.