Се преврте полициски хеликоптер, нема сериозно повредени

0
180

Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Како што посочи министерот Чулев, согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.А.Н.