вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотСЗО побара вонредните мерки да останат на сила и во наредните 90...

СЗО побара вонредните мерки да останат на сила и во наредните 90 дена

Светската здравствена организација (СЗО) е на мислење дека треба да остане на сила глобалната мерка за вонредна состојба поради пандемијата на новиот коронавирус. Ова го соопшти на брифингот во Женева генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Пандемијата останува глобална здравствена вонредна состојна“, рече тој по состанокот на Комитетот за итни случаи на СЗО на телеконференција.

Хебриус додаде дека следниот состанок на Коронавирус комитетот ќе биде свикан во рок од 90 дена, што значи дека уште толку вонредните мерки во услови на пандемија се на сила.

Комитетот за итни случаи, составен од 18 експерти и 13 консултанти, се состана на телеконференција на 30 април. Според резултатите, шефот на СЗО рече дека појавата на коронавирус е сè уште од голем ризик во однос на меѓународното здравје. Вонредната состојба е на сила од 30 јануари.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ