Соединетите држави ги забранија апликациите „ТикТок“ и „ВеЧат“ во продавниците за апликации со нова регулатива која што ќе стапи на сила на 20 септември.
Наредбата, издадена од Министерството за трговија на САД во петокот, ефективно забранува американски граѓани да преземаат две апликации во сопственост на Кина од продавниците за апликации на Apple или Google.
Од 20 септември, Министерството за трговија потврди дека ќе забрани: „Секое обезбедување на услуга за дистрибуција или одржување на мобилни апликации WeChat или TikTok, кодови на компоненти или ажурирања на апликациите преку продавницата за мобилни апликации во САД“.
Според претходниот извештај на Ројтерс, забраната сепак може да биде укината пред дедлајнот доколку „ТикТок“ го заврши договорот со американскиот технолошки гигант „Оракл“ .
Oracle и TickTook го доставија предложениот договор за партнерство до американската влада за одобрување во понеделникот.
Доналд Трамп претходно се закани дека ќе го забрани „ТикТок“ доколку не го продаде својот бизнис во САД на американска компанија.
А.Н.