На брегот на австралискиот остров Тасманија се насукаа 270 китови, од кои најмалку третина починаа. Насукувањето на китовите е откриено во понеделникот, а спасувачите стравуваат дека има уште мртви китови.
Морските биолози се обидуваат да ги спасат преостанатите китови во деликатна операција што веројатно ќе трае со денови. Не е познато како китовите се насукале на брегот, пренесува „Би-Би-Си“.
Последното масовно насукување на китови во Тасманија се случи во 2009 година. А.Р.