Легендарниот Милчо Манчевски ја освои престижната награда за најдобар режисер на Фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. Наградата пристигна откако неговиот најнов филм „Врба“ ја имаше британската премиера.
Жирито, предводено од оскаровецот Џереми Ајронс, ги додели наградите во осум категории, а „Врба“ имаше номинации во категориите за најдобар филм и за најдобар режисер. Ова е трета светска награда за филмот во рок од десеттина дена, неодамна освои и награда за најдобар филм доделена во САД и Сребрена палма во Шпанија.
В. Г. Парго