Претеникот од СДСМ од Охрид, Лазе Таневски преку неговиот профил на Фејсбук информира дека е позитивен на корона вирусот.
Тој напиша:
Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.
Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.
Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.
Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.“
Тaневски е вториот пратеник позитивен на ковид-19, откако вчера беше објавено дека на Инфективната клиника во Скопје е примен пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски со симптоми на болеста.
Се очекува Комисијата за заразни болести да соопшти колку пратеници и вработени во парламентот ќе треба да заминат во изолација и дали воопшто ќе може Собранието на Македонија да продолжи со работа.
А.Н.