Спасувачките екипи ја извлекоа малечката Ајла Гезгин од урнатините во Измир, 91 час откако регионот беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени.
Откако го извлекоа од урнатините, бебето Ајла беше пренесено на носила до амбулантното возило.
Ајла Гезгин е 107. спасена по земјотресот што го погоди Измир во петокот.
Во последиците од земјотресот со јачина од 6,6 степени кој го потресе егејскиот регион во Турција, загинаа 102 лица, соопшти утрово Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД).
Шефот на АФАД, Мехмет Гулуоглу, на Твитер изјави дека е спасено уште едно дете.
“Најдовме уште едно дете. Фала му на Бога”, напишал Гулуоглу. А.Н.