Нискобуџетната авио компанија Визер пред неколку недели најави дека од и до Скопје ќе започне повторно да лета од 14 јуни. По продолжувањето на вонредната состојба, од Визер испратија соопштение во кое информираат дека ги суспендираат сите летови до 14 јуни.
Во соопштението на Виз ер се вели дека патниците кои купиле карти автоматски ќе бидат известени преку е-пошта, доколку клиентите ја направиле резервацијата директно преку веб-страницата на Виз Ер или преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Вкупно 120% од оригиналната цена ќе биде автоматски вратена на Wizz сметката на клиентот, и тоа е сумата што оштетените патници ќе можат да ја искористат во наредните 24 месеци за набавка на производи и услуги на Виз ер. Патниците исто така можат да се одлучат за враќање на готовина, кој процес ќе трае подолго, но како што информираат од компанијата клиентите ќе бидат информирани за потребните чекори за банкарски трансфер или трансфер на банкарска картичка преку посебна е-пошта. Во овој случај, клиентите ги исполнуваат условите за враќање на 100% од оригиналната цена. Патниците кои ги купиле билетите преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да стапат во контакт со компанијата од која ги купиле своите билети.
Сега за сега остануваат затворени скопскиот и охридскиот аеродром.
Н.Д.