Влегување во Грција само со два патника во автомобил плус две малолетни деца

0
1973

Грците најавија дека ќе ги отворат границите за туристи од 19 држави од 15 јуни. Сите сезонски хотели треба да бидат отворени истиот ден. Туристите од првата група, меѓу кои се и граѓаните на Северна Македонија нема да имаат потреба од негативен тест за корона на влезот во земјата, ниту пак ќе бидат испратени во карантин.

Но, она што боде очи е одлуката според која само две лица (возач и патник) ќе можат да бидат во автомобилите што ќе влезат во оваа земја!

Исклучок се семејствата со малолетни деца, кои сите ќе можат да патуваат заедно. Исто така, возилата со седум места ќе можат да пренесат три лица, возач и двајца патници, а оние со девет седишта до возачот, уште тројца патници.

Пропишани се и строги мерки за туристички автобуси во кои ќе се намали бројот на патници за 50 проценти, односно секое второ место во него ќе мора да биде празно (автобусите со 50 места ќе пренесат 25 патници, а оние со 70 само 35). Останува да се види колку тоа ќе биде профитабилно за туристичките агенции, односно колку ќе поскапи патувањето до морето.

Покрај тоа, сите патници во автобусот ќе треба да носат заштитни маски, а климатизацијата во нив, колку и да е жешко, нема да им биде дозволено да се вклучи. Возачите треба да бидат одвоени од патниците со Плексиглас, а на вратата мора да се обезбеди дезинфекција за патниците и персоналот.

Се разбира, не е исклучено тие да бидат изменети до почетокот на туристичката сезона, на 15 јуни.

Н.С.