сабота, јули 27, 2024
домаВо болницата во Газа многу бебиња и пациенти веќе умреа, телата не...

Во болницата во Газа многу бебиња и пациенти веќе умреа, телата не можат да се закопаат

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека болницата во Газа наликува на гробишта и дека телата на загинатите тешко можат да бидат погребани. Болницата Ал Шифа на северот на Газа е на првата линија на интензивни борби во последните неколку дена, додека израелските одбранбени сили (ИДФ) цврсто тврдат дека командата на Хамас се наоѓа во тунелите под болницата, јавува Би-Би-Си. Хамас и болницата го негираат ова.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, рече дека повеќе од 600 луѓе сеуште се во болница, пренесува Н1.

„Во болницата има мртви тела за кои никој не може да се грижи, па дури и да ги закопа или однесе во мртовечница. Болницата повеќе не работи нормално. Практично стана гробишта“, додаде Линдмајер.

Лекарите тврдат дека телата на мртвите се натрупуваат и гнијат во болницата.

Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија за Би-Би-Си изјави дека израелските власти се уште не дозволуваат телата во фаза на распаѓање да се изнесат од болницата, па кучињата почнале да влегуваат и да ги јадат телата. Болницата речиси остана без гориво и други ресурси за да продолжи да функционира. Предвремено родените бебиња се вадат од инкубатори кои повеќе не работат.

Во болницата има повеќе од 600 повредени пациенти.

Би-Би-Си го прашала докторот дали израелската армија остварила некаков контакт со нив во врска со евакуацијата на пациенти или предвремено родени бебиња. Израел соопшти дека испратил гориво во близина на болницата и други ресурси.

Но, докторот рече: „Не, не контактираа со нас, ние ги контактиравме… но досега не добивме никаков одговор“.

„Во тек се преговори за евакуација на предвремено родените бебиња, но засега ништо не се случило“, додаде докторот.

Абу Селмија рече дека болницата била во контакт и со Црвениот крст за да се обиде да го координира погребот на телата, од кои има околу 150 во болницата, но му било кажано дека тоа во моментот не е изводливо.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ