Во Германија ќе можеме од 1 септември

0
497

Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани на земји кои не се членки на Европската унија до 31 август, изјавија неименувани извори од германската влада за Ројтерс. На новинарите на Ројтерс им било кажано дека кабинетот се очекува да ја донесе таа одлука утре.

Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.

Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија сè додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.

Тој додаде дека Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од коронавирус.

Ал.Н.