Во последното деноноќие регистрирани 1198 новозаразени на корона вирус од 3.081 тестирања. Најмногу регистрирани има во Скопје-572, Куманово-41, Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19, Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5, Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.
ИЈЗ регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11, Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, Неготино-8.
Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67), еден од Куманово (80), еден од Штип (67), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60), двајца од Тетово (71 и 56), двајца од Струга (68 и 37), двајца од Велес (76 и 55), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82), тројца од Охрид (46, 67 и 35) и еден пациент од Гостивар (53). Сите пациенти се починати во болнички услови“, наведено е во соопштението. Ал. Н.