Вонредната состојба продолжена уште 14 дена

0
173

Вонредната состојба во земјава е продолжена за уште 14 дена, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски по 7-та седница на Советот за безбедност, посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата со корона-вирусот.

-Имајќи ги предвид зголемениот број на заразени и починати наши сограѓани, донесов одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Сакам да потенцирам дека оваа одлука ја носам исклучиво за да и се овозможи на владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско социјалните ефекти од пандемијата и не е поврзана со датумот на предвремените парламентарни избори. Битката со вирусот #COVID19 сигурно ќе ја добиеме, но не смееме да се опуштаме. Мора до крај сите да останеме совесни и одговорни и да се грижиме, како за своето, така и за здравјето на нашите блиски – посочи претседателот Пендаровски.

Пендаровски во обраќањето упати три пораки – една до граѓаните, една до владата и една до лидерите на политичките партии.

-Прво до граѓаните, сакам да им се заблагодарам на огромното мнозинство наши граѓани за тоа што веќе трет месец крајно дисциплинирано и совесно ги почитуваат препораките за заштита на своето здравје и здравјето на своите најблиски. Истовремено сакам да упатам апел до нив, до сите нас, да не се опуштаме и со тоа да ги доведеме во прашање сите позитивни резултати кои ги имавме до сега во борбата против пандемијата. Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но, мораме да останеме совесни и одговорни до самиот нејзин крај – рече Пендаровски.

Тој и порача на Владата декс негативните трендови забележани во некои општини не смеат да бидат повод да се враќаат рестриктивните мерки на целата територија и кон сите граѓани. Надлежните органи и министерства, како што рече, мора да ги санкционираат сите граѓани кои не ги почитуваат мерките, без исклучок, неселективно, сосема независно од нивната етничка и верска припадност. Со неказнувањето на оние кои свесно не ги почитуваат законите, се остава простор за враќања на кризата на самите почетоци и крајно неправедно, заради тоа сите останати треба да ги трпат рестриктивните мерки, иако за сето време ги почитувале и законите и препораките, посочи претседателот Пендаровски.

До политичките лидери кои учествуваат на т.н. лидерски средби, Пендаровски порача дека е премногу сериозна,д нема парламент, постои техничка влада која има лимитирани овластувања. Затоа побара од сите нив да бидат на висина на историската одговорност и да се договорат за датумот на следните парламентарни избори за да добиеме институции со полн капацитет и политички легитимитет. КакоДКако што рече, “државата не може и не смее со месеци да функционира само ако има воведена вонредна состојба”. А.Р.