За 845 лица казни за неносење маски, во изолација 217 лица

0
95

На 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие, соопшти министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845 прекршоци во изминатото деноноќие. А.Р.