вторник, јули 16, 2024
домаЗЕМАМ ЗБОР: Валентина Ѓоргиевска Парго

ЗЕМАМ ЗБОР: Валентина Ѓоргиевска Парго

Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, споделуваме една песна од новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго.

Љубовна!

Напој се од убоста на мојата мисла
пронајди мир во овој љубовен виор
погледај се со моите очи
исплачи ме со солзите мои
охрабри се од мојот восхит.

Кога ќе ти речам оди си
ти пак вечно остани
ако речам свршено е
ти почни од почеток сѐ
а ако кажам не љуби ме
не слушај ме: милувај ме, бакнувај ме.

Наточи ја вистината од моите лаги
обдари ме со нежен, тивок сон
огреши ме со гревови слатки
опиј се од шепотот мој
успиј го мојот неспокој.

Охрид, 09.08.1989

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ