четврток, ноември 21, 2024
домаЖивотЗголемувањето на случаите во Италија во изминатите 24 часа е најголемо од...

Зголемувањето на случаите во Италија во изминатите 24 часа е најголемо од 23 мај – 629 новозаразени

Италија забележа рекордно зголемување на случаи на инфекција со коронавирус за 24 часа од мај

Зголемувањето на бројот на заболени во Италија во изминатите 24 часа е најголемо од 23 мај – 629 се ново заразени, се вели во статистиката објавена на веб-страницата на Министерството за здравство.
Вкупниот број на утврдени случаи на инфекција со KОВИД-19 достигна 253.438. Четири лица станаа жртви на инфекцијата, а вкупниот број на смртни случаи достигна 35.392.

Сепак, тековната статистика вклучува ажурирани податоци од регионот Емилија-Ромања, кој стана еден од најпогодените региони во земјата. Локалните здравствени власти соопштија дека 154 случаи не биле вклучени во податоците за смртност за трите пролетни месеци, како резултат на внатрешните инспекции.

Бројот на лица кои се опоравуваат на ден е 314 и достигна 203.640. 764 пациенти остануваат во болници (7 новопримени на ден), од кои 55 се во одделенија за интензивна нега.
Во текот на поголемиот дел од јули, бројот на нови инфекции во Апенините беше по 300 случаи на ден, што одговараше на нивото на почетниот период на епидемијата (крајот на февруари – почетокот на март). Меѓутоа, неодамна, бројот на заразените повторно почна да расте.   А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ