„Од вчера неговата состојба е постабилна и се подобрува. Грижете се за себе и заштитете ги своите роднини“, напиша на фејсбук сопругата на пратеникот Арбен Зибери и на тој начин потврдувајќи дека тој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести откако добил позитивни резултати по тестирањето за Ковид – 19 и влошувањето на здравствената состојба.
Здравствената состојба на Зибери стана актуелна кога на 30 август беше донесен во Собранието да гласа за новата влада, а тоа го направи според посебни здравствени протоколи и гласаше од посебна просторија.
Пред изборите Зибери беше директор на Центарот за јавно здравје Скопје, но беше сменет по „судирот“ со министерот за здравство, Венко Филипче.
А.Н.